BYOTEA COSMETICS24203633 2079241238756310 1177745996 nbyotea

DR.HAUSCHKA

hauschka

 

 

Солариум HAPRO LUXURA X7

Сончајте се здраво и квалитетно со нашиот модерен турбо солариум HAPRO LUXURA X7. Третманите траат од 5 до 20 минути во кои вие ќе уживате на удобна анатомска подлога специјално дизајнирана за човечкото тело, клима која ќе направи да се чувствувате пријатно и сето тоа пропратено се освежувачка ароматерапија. Во зависност од типот на кожата се одредува времетраењето на третманот, а за да добиете рамномерна "чоколадна" боја доволни се околу 5 третмани.

 

ДЕТОКС СПА СИСТЕМ - Детоксикација на телото преку нозете

Начин на работа:

AQUA DETOX апаратот произведува електрични импулси со ниска фреквенција која нежно вибрира низ телото и ги стимулира ќелиите да лачат токсини кои се лачат преку лимфниот систем, а преку порите на стапалата (има 2000 пори на секое стапало) се исфрлаат. Самиот апарат има енергетски кертриџ кој ги создава електричните импулси или јони кои протекуваат низ телото, а со тоа се врши излачувањето на отровите преку лимфните жлезди.

Позитивни ефекти:

  • Детоксикација на целиот организам
  • Ја зголемува енергијата на целото тело
  • Го подобрува и регулира метаболизмот
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Регулација на крвниот притисок
  • Регулација на холестеролот
  • Регулација на шеќерот во крвта
  • Слабеење и отстранување на целулитот
  • Го подобрува сонот
  • Намалување на потењето и непријатните миризби
  • Го подобрува тенот на кожата
Апаратот не би требало да го користат:
  • Лица со вграден пејсмејкер
  • Лица кои имаат епилепсија
  • Лица со поголеми психички пореметувања
  • Бремени жени
  • Лица - веднаш после оперативни зафати

Општо:

Нашето тело е секојдневно подложено на токсини, кои ги внесуваме преку неправилната исхрана, загадениот воздух, цигари, алкохол, лекови итн. Овие токсини се причина за чести несакани појави како главоболка, настинки, лош тен на кожата, проблеми со здив и мирис на телото, замор, намален имунитет, а можат да бидат предизвикани од недоволна детоксикација на организмот. Затоа нашето тело за да работи нормално секојдневно врши исфрлување или детосикација на токсините преку бубрезите, дебелото црево, црниот дроб, белите дробови, лимфните жлезди и кожата. Доколку вашето тело не може да се справи со сите токсини во организмот, тоа го постигнува и надополнува новиот современ и бионергетски апарат за детоксикација на телото AQUA DETOX, за кое што е потребно само 30 минути. AQUA DETOX системот на ефикасен и едноставен начин ќе Ве ослободи од непотребните отрови и ќе Ви ја овозможи неопходната помош.

Времетраење на третманот: 30 минути.

Депилација

Бидете во тренд!
Користете ја ладната депилација со 100% природен восок!Дозволете си безбедна депилација дури и на најинтимните делови на телото! Пропратната козметика за пред и после депилација допринесува за подолготраен ефект!

Педикир и маникир

Средување на проблематични нокти и отстранување на некои израстоци на стапалото.
Средување на ноктите на рацете и нозете е неопходно не само од естетски, туку и од хигиенски причини. Чувството на меки стапала и нежни дланки, всушност е чувство на сигурност! Дозволете си го!

ТРЕТМАНИ НА ЛИЦЕ СО ПРИРОДНА ОРГАНСКА КОЗМЕТИКА DR.HAUSCHKA

Третмани на лице со ароматерапевтски маски приспособени на типот на кожата

Надградба на нокти

Вашите нокти нека бидат прекрасни и несекојдневни, изработени со гел техника од познати светски производители (Professionais, Gelish nails, Mystic nails, Clarisa, IBD) кои нудат нови техники за комплетна заштита и обнова на вашите нокти! Студиото располага со нови и модерни апарати кои придонесуваат за брза и квалитетна постапка на секоја техника !

Вредносен ваучер