Болки во мускулите, целулит кој ве нервира или едноставно масажа за уживање!.
Одберете сами или слободно препуштете ни се нам и ние ќе ви помогнеме во изборот на третман кој најдобро ќе одговара на вашите потреби.

Туи-на кинеска масажа

Оваа масажа е една од најстарите и најценети масажи во Кина, а во последните децении се применува широко низ светот. Се состои од комбинирани релаксирачки движења проследени со акопресура на целото тело. Акупресурата претставува притисок на акупунктирани точки, кои се наоѓаат на меридијаните на телото! Оваа масажа го зголемува протокот на енергија и има силна моќ врз нашето духовно тело! Се користи како превенција на несакани болести и воедно ја балансира енергијата во нашето тело!

1 третман = 55 мин.

Ароматерапија масажа на лице и тело 

Ароматерапијата е уметност каде што се применуваат есенцијални етерични масла кои помешани со базното масажно масло треба да го постигнат саканиот ефект на потполна опуштеност на телото. Етеричните масла всушност се ароматски супстанци, добиени од цветови и плодови на голем број растенија, а делуваат преку кожата или преку респираторните органи. Оваа лесна ритмична масажа е услов за антистрес и опуштање и за враќање на природната хармонија на духот и телото. Етеричните масла допринесуваат за дополнително освежување и потполно опуштање од секојдневните проблеми, а вие ќе поминете еден незаборавен момент од вашиот живот!

1 третман = 75-90 мин.

Релакс масажа

Комбинацијата на класичен модерен стил на масажа адаптирана спрема потребите на телото. Помага за брзо враќање на телото во нормално опуштена состојба, го продобрува тонусот на мускулите, и помага за подобра циркулација.

1 третман = 55 мин.

Физикална масажа

Подлабока масажа која е креирана од самата индивидуа. Акцентот на работата повеќе се дава на оној дел од телото кој вие го осеќате како најболен и најпроблематичен, каде што ви овозможуваме подетално масирање на мускулната група до потполно релаксирање.
Како пример, најголем број од клиентите ни се оние кои секојдневно поминуваат по неколку часа работејќи на компјутер и имаат вистински проблеми со болки во грбот. Оваа масажа е идеална за нив и за сите кои имаат проблеми со одредени мускулни групи од телото.

1 третман = 30 - 45 мин.

Антицелулитна масажа

Оваа масажа нуди длабинско разбивање на целулитот и масните слоеви на телото со рачна масажа, без никакви несакани појави, како: подливи, помодрувања на местата кои се масираат и др. Се употребуваат високо квалитетни антицелулитни масла и исклучиво за професионална употреба. Препорачуваме пакети од 10 или 20 третмани, а најдобрите резултати се покажани после 40 извршени третмани, каде што вашата кожа ќе биде мазна, затегната и нежна како свила.

1 третман = 40 мин.

Спортска масажа

Силна и динамична масажа за лица кои активно спортуваат и се со јака и цврста мускулатура!

1 третман = 55 мин.

Рефлексологија

Рефлексологијата или зона терапијата e масажа со притисок на стапалата која има цел да постигне благопријатно дејство на останатите делови на телото. Таа го намалува или отстранува стресот, напнатоста и болката во телото.

1 третман = 20 мин.

Вредносен ваучер